fbpx
+389 (0)71212673 info@quick-step.mk

Што треба да знаете при избор на нов под

Што треба да знаете при избор на нов под

Стариот паркет веќе крцка и се раздвојува?

Или треба да се постави под во нова просторија?

Дилемата е иста… Каков под да се постави?

Нормално, секој ќе побара квалитетен, природен, долготраен, здрав и економичен производ. 

Во тој поглед, неприкосновен избор е дрвото. Односно паркетот.

Од естетски до еколошки аспект дрвото е најдобар избор за секој дом.

Дури според едно истражување 90% од агенциите за недвижности тврдат дека домовите со дрвен под се продаваат побрзо и за повеќе пари.

И не само тоа.

Дрвениот под ја подобрува акустиката во домот. Па може повеќе да уживате во омилената музика.

Но, кога зборуваме за паркет, тука се јавуваат две дилеми. Класичен или трослоен паркет?

Зошто сеуште се избира класичниот паркет?

Класичниот паркет сеуште е присутен. И кога се поставуваат прашања зошто таков избор, одговорите обично се движат во овие насоки:

  1. Па тоа е прав паркет
  2. Изолацијата е поголема кај него
  3. Сакам форма на рибина коска
  4. Мајсторот ми рече дека тоа е најдобро
  5. Повеќеслојниот ми личи некако на ламинат

Дали е ова баш така? Да ги одговориме овие дилеми.

  1. Паркетот е производ од дрво кој служи да се обложи подот. Без разлика дали е од еден слој или од повеќе. Во двата случаја станува збор за паркет само што вториот е повеќеслоен.

(Во поново време со појавата на ламинатите на Quick Step веќе поимот производ од дрво се проширува, бидејќи тие се состојат од 70% дрво и 30% природна каучукова смола, но сепак процесот на производство е различен од паркетот).

  1. Без разлика на дебелината класичниот паркет сам по себе не ја прави изолацијата доколку под него не е правилно решена топлинската изолација.

Неговата примарна улога воопшто не е таа, иако дрвото е племенит и топол материјал.

Плус, кога ќе се земат во предвид лаковите со кои се лакира површината на класичниот паркет и кои се изработени на база на формалдехиди и др. неприродни материјали таа станува ладна скоро како да станува збор за керамичка површина.

  1. Дизајнот рибина коска е присутен и кај повеќеслојните паркети, а плус се достапни и многу повеќе дизајни. Таквата поставеност на класичниот паркет и не е од естетски аспект туку од технички аспект пред се. Да се смири работењето на дрвото со унакрсно лепење на елементите.

Ако кај класичниот паркет се постават елементите во ист правец, а не попречно… За брзо време е неизбежно појавувањето на фуги и отвори меѓу елементите.

  1. Што се однесува до мајсторот, тој секако ќе го каже она што на него му одговара. Сепак тој знае да го мести тој паркет и тоа можеби го работи и 20-30 години. Но при изборот на под, односно паркет, сега е веќе полесно, бидејќи на интернет има огромен број на податоци кои може да се проверат пред да се донесе одлука.
  1. Во однос на ламинатите, сличноста се состои во начинот на спојување на елементите. Сепак процесот на производство и составот е сосема различен од оној на ламинатот. (Освен кај ламинатите на Quick Step каде што при процесот на производство исто така се користи суровина од дрво). А начинот на спојување е само предност, бидејќи клик системот овозможува многу поквалитетно и полесно спојување на елементитe

Зошто сепак трослоен паркет?

Да ги споредиме директно двата типа на паркет.

Кои се нивните карактеристики?

Кај класичниот паркет:

  • Нема голем избор на дизајни;
  • Се поставува исклучиво само со лепење за подлогата;
  • Потребни се од 3 до 10 дена за да се исуши лепакот. И во тој рок нема припарување до просторијата или домот;
  • Парчињата мора да се постават попречно во форма – т.н. рибина коска, сакале или не. За да не почне да работи дрвото;
  • Неопходно е да се лакира површината, и тоа барем со 2 слоја на лак;
  • Секој слој потребно е да се суши барем 1 ден;
  • Не е погоден за подно греење;
  • Гаранцијата е обично околу 2 години.

Кај трослојниот паркет:

  • Кај Quick Step паркетите нема потреба од никаков лепак. Парчињата лесно се спојуваат со multifit клик систем. И за неколку часа се е завршено;
  • Изборот на различни дизајни е огромен;
  • Секое парче е составено од три посебни слоја изработени од дрво, кои се попречно поставени, со што се избегнува ,,работењето” на дрвото;
  • Парчињата може да имаат должина и над 2 метра, што е незамисливо кај класичниот паркет;
  • Лакираните модели се лакирани во самата фабрика и тоа на водена база, целосно се еколошки, и нема потреба од никакви дополнителни лакови;
  • Лесно се заменува само она парче кое би било оштетено;
  • Погоден е за подно греење;
  • Гарантниот рок обично е над 20 години.

Предностите на трослојниот паркет се навистина големи.

И ако се земе во предвид дека нема дополнителни трошоци за стругање, лепење, лакирање, чекање со денови… нема неприродни лакови или лепаци и се потполно еколошки производ, тогаш, трослојните паркети на долг рок се многу поекономични од класичниот паркет.

А ако после сите наведени карактеристики се губи дилемата дали трослоен или класичен паркет, останува една друга дилема…

Кој модел да се одбере во огромниот избор на фантастични дизајни, типови на дрво и нијанси?

Вистински момент за избор.

Баш сега, и само до 15 мај, има акција кај Variano серијата на паркети од Quick Step.

Variano моделите со своите рачно изработени традиционални споеви, истакнати годови, зарези и засеци... даваат уникатен изглед на просторијата. И навистина во целост ги потврдуваат резултатите од истражувањата… дека вистинскиот дрвен под, ја зголемува вредноста на домот.

Сите овие модели наместо наведената цена подолу кај секој од нив, сега имаат цена од 2.990 денари, плус гратис scotia лајсна и плус гратис подлога.

Само до 15 мај.