fbpx
+389 (0)71212673 info@quick-step.mk

Подлоги

Подлоги

Подлогата е апсолутна потреба кога станува збор за поставување на ламинатни подови. Вистинската подлога има голема улога во конечниот изглед, квалитетот, комфорот на Вашиот под. Базирано на повеќе од 20 години искуство, нашите специјалисти избраа колeкција на висококвалитетни подлоги кои лесно се поставуваат, создавајќи основно ниво на Вашиот нов под, а овозможувајќи одлична акустична и термичка изолација.

Подлоги за ламинатни и дрвени подови

СЕКОГАШ ОДГОВАРААТ СОВРШЕНО

Нов или реновиран? Приземје или горен спрат? Со или без подно греење. Секогаш постои перфектна подлога за Вашите специфични потреби или ситуации. Токму затоа ние нудиме специфични подлоги за широка лепеза на примени.

*Преносна бучава е бучава која се слуша кога некој чекори по подот во собата над вас. Оваа подлога е високо препорачлива за згради на повеќе ката.

** Рефлектирачка бучава е бучава која ја слушате кога Вие чекорите по подот. Оваа подлога е идеална за дневни соби или деловни простории каде чекорењето со високи потпетици може да вознемирува.

Подлоги за Livyn подови

За пливачка инсталација

Доколку преферирате пливачка инсталација, исклучително важно е да се постави вистинската подлога, бидејќи има силно влијание на конечниот изглед, квалитетот и удобност на Вашите Quick-Step Livyn подови. Врз база на долгогодишното искуство, нашите специјалисти ја препорачуваат Quick-Step Livyn подлогата.

ЗОШТО QUICK-STEP LIVYN ПОДОВИ?

Заштедете многу време и труд. Quick-Step подлогата доаѓа со самолеплива лента и претходно интегрирана мембрана за влага. Убаво и рамномерно се одмоткува на основата на подот, правејќи ја инсталацијата лесна.

Интегрираната мембрана за заштита од влага го заштитува Вашиот под темелно од влагата која може да го подигне.

Quick-Step подлогите ја одржуваат нивната првобитна дебелина низ годините. Вие може да бидете безгрижни дека ќе продолжи да ги пригуши звуците во собата во која се инсталирани и собата под неа.

Сите Quick-Step подлоги нудат стабилна основа кои го штитат Uniclic системот од тежок мебел и тешки краткотрајни оптоварувања на високи потпетици.

Quick-Step подлога дава цврстo, основно ниво за Вашиот нов под. Таа совршено одговара за подно греење и/или ладење.