Кој детал е многу важен при купување на под, а никој не го знае?

hdf

.

Ја знаете поговорката… Ѓаволот е во деталите?

Верувам дека сите ја знаеме.

И точна е.

Поготово при купување на ламинатен под.

Секој кога купува ламинатен под прашува најчесто за три работи. За цена, за дебелина и за класа.

Иако тоа се битни работи, сепак има еден детал кој е поважен од сите три, а речиси никој не прашува за него.

Зошто?

  1. Затоа што за него знаат претежно само оние кои работат со подови.
  2. И затоа што не може да се дознае со обично прашање. Го има или не?

Знам збунувачки.

Но пред да откријам кој е тој детал и пред да го објаснам, сакам да ви кажам дека заради него цената која ќе ја платите за подот може да биде и неколку пати повисока отколку што сте планирале.

Да, точно е.

Не плаќаат дупло само скржавиот и сиромавиот. Туку и неинформираниот.

И наскоро ќе ви докажам дека тоа е вистина.

Деталот кој мора да се има во предвид пред да се порача под се вика – HDF

Што е тоа HDF

HDF е скратеница од – high density fiberboard. Или најблизок превод би бил тврдо пресувана плоча (даска).

За полесно да го сфатите значењето на овој дел од подот ќе мора да видиме како изгледа пресек на еден ламинатен под.

  1. Првиот дел кој личи на фолија е прекривка составена од неколку проѕирни слоја, кои освен визуелна имаат и заштитна улога.
  2. Вториот дел е еден вид на слика со висока резолуција на која е претставен пресек на дрво, испечатена со софистицирана технологија, и заедно со првиот слој го даваат визуелниот ефект на подот.
  3. Третиот дел е HDF плочата. Која го претставува функционалниот дел на подот. Односно му ја дава цврстината, и отпорноста на влага. Составена е од тврдо компресирани ситни парчиња од дрво и соодветна смола. И благодарение на современата технологија овозможува да се искористи секој дел од дрвото за производство на под.
  4. Најдолниот слој е исто така водоотпорна плоча (штица) која придонесува за дополнителна цврстина на подот.

Сите делови на подот се значајни но сега конкретно околу значењето на HDF плочата. За останатите делови во друга прилика.

Колку е поголем квалитетот и степенот на компресија на HDF, толку вашиот под ќе биде:

  • Поцврст, и поотпорен на оштетувања. Па не ќе мора постојано да се вика по детето за да внимава со играчките, или за момент да ви застане срцето ако падне некоја чаша на подот итн…
  • Поотпорен на влага, и ќе можете да го поставите и во кујната и во бањата и на секое место во домот каде што ќе посакате. Без да се вадите од памет дали со мокра нога некој ќе стапне на подот или можда некој ставил отповеќе вода во саксијата па може и да претече на подот итн…
  • Потполно еколошки, а тоа значи во составот се наоѓа само дрво и природна каучукова смола, и нема да има испарувања од отровни лепаци кои ќе ги вдишува детето додека си игра на подот, и воопшто сите кои се присутни.

Во понудата на подови за жал има и такви кои користат MDF плочи и плус квалитетот на изработка е на ниско ниво.

MDF значи medium density fiberboard – најблизок превод би бил средно пресувана плоча (даска). Која не значи дека е неквалитетна, но нејзината примарна намена не е за подови. Во главно е наменета во производството на мебел.

Па така ламинатен под кој има на пример 12мм дебелина, но во себе има MDF плоча, не може во никој случај да се спореди со под кој има 8мм дебелина, но во себе има HDF плоча.

Вие плаќате под кој реално според квалитетот и цврстината одговара можеби за под со 6мм дебелина. А плаќате цена за под кој номинално се води дека 12мм. Во ред. Сега ја знаете цаката. Но…

Како да ја откриете тајната

Ситуација во која вие го прашувате продавачот дали е HDF или MDF плочата, и каков е квалитетот на изработка, а тој се наведнува кон вас и дискретно ви шепка дека се работи за неквалитетна MDF плоча… знаеме дека е невозможно.

Ќе мора самите да го откриете тоа.

Како?

Со малку истражување.

И сега ќе ви покажам.

За пример ќе го искористам Quick Step.

Одите на веб страната на Quick Step Македонија и си одбирате модел (или неколку) кои ви се допаѓа.

Еве на пример овој модел:

Класичен кафен даб IM1849

Најдобар начин да се осигурате за квалитетот е да го побарате истиот модел на веб страната на производителот во Белгија. И да проверите дали постои моделот на нивната страна. И плус дали се истите фотографии, иста ознака, исти димензии и карактеристики.

Еве го истиот модел на белгиската страна со исти ознаки, слики и карактеристики.

Исто така истиот модел е присутен и на британската страна.

Ова е прилично силен доказ дека нема да купите под кој е произведен во некоја no name работилница во некоја држава од каде најмногу се увезуваат производи без никакви стандарди за квалитет.

Туку ќе купите под од реномиран бренд, од европска држава во која има – високи стандарди за квалитет, за заштита на здравјето и зачувување на околината.

Друга тајна вештина која можете да ја употребите е следна:

Доколку сте во продажен салон и ламинатните парчиња се пред вас, земете ја најгорната држејќи ја на самиот крај така што ќе биде хоризонтално испружена во должина пред вас.

Доколку другиот крај од пола натаму се свитка значително кон подот, тогаш веројатноста да е употребена MDF плоча е голема.

А доколку плус продавачот при тоа направи запрепастувачка гримаса, веројатноста е уште поголема.

Ова се две мали финти кои се надевам ќе ви помогнат да изберете под кој ќе ви овозможи да уживате во секој чекор по него, и секако да си заштедите пари и да го зачувате своето здравје.

Доколку ви се допаднаа советите слободно споделете ги со најблиските.