Blog

5 причини зошто да изберете ламинатен под

5 pricini zosto laminat

.

Изборот на нов под не е лесен.

Понудата во последно време е огромна. И секој под си има свои предности и маани.

Но се повеќе луѓето одбираат ламинатни подови.

Зошто?

Затоа што тие го комбинираат автентичниот изглед на природен под, но со многу практични предности и одлична цена.

Ламинатниот под е изработен од четири дела.

Основата, односно јадрото на подот е исклучително силна, стабилна и водоотпорна HDF плоча. А под неа се наоѓа уште една плоча како поддршка на јачината на целото парче.

Врз HDF плочата се наоѓа декоративниот панел.

Тоа е слика на пресек на дрвени штици или плочки со огромна резолуција, и на неа се воочува и најситниот детал.

Декоративниот панел е финиширан со специјална прекривка која е транспарентна и водоотпорна и претставува заштитен горен слој за подот.

Благодарение на уникатната конструкција ламинатните подови практично и не можат да се разликуваат од подови направени исклучиво од дрво или природен камен, а од друга страна нудат некои практични предности.

Laminat za sekoja prostorija

 

Погодни за секоја просторија

Ламинатните подови можат да се монтираат во секоја просторија.

Дури и за кујни или бањи има водоотпорни ламинатни подови со дополнителна заштита.

Антистатската површина и беспрекорниот клик систем спречува собирање на нечистотија и прашина врз штиците, или помеѓу нив. Што ги прави идеални за детски соби.

Можете дури и скали да покриете целосно со ламинат.

А со соодветна подлога, ламинатниот под може да се постави на подно греење без никаков проблем.

Големите парчиња на Quick-Step подовите, обезбедуваат пријатен звук при одот и се идеални за станови или за куќи на повеќе спрата.

 

Исклучително јаки

Quick-Step нуди повеќе од 20 години гаранција на сите ламинатни подови.

А, благодарение на екстремно јакото јадро и патентираниот  Scratch Guard горен слој тие се извонредно издржливи и отпорни.

Со ламинатните подови на Quick-Step нема грижи од гребаници, детски играчки, остри потпетици, удари од падови на тешки предмети или флеки.

Најновите ламинатни подови се толку издржливи, што се монтираат и на места со висока фрекфенција, како продавници или аеродроми…

Но, без грижи и од истурање на вода или други течности. Ако се избрише што побрзо нема воопшто да навлезе влагата во самиот под.

Некои луѓе се загрижени од губење на боите при преместување на мебелот?

Кај Quick-Step ламинатните подови нема потреба од таква грижа. Заштитниот горен слој обезбедува задржување на оригиналните бои дури и по долгогодишно изложување на сончева светлина.

 

 

Лесни за одржување

Благодарение на горниот заштитен слој ламинатните подови многу лесно се одржуваат чисти.

Нечистотијата не може да навлезе во нив, а редовно чистење со сува или малку влажна крпа е доволно да се одржат подовите во совршена кондиција, и да изгледаат како нови и после неколку години.

Нема никаква потреба од стругање, шмирглање или лакирање на подовите.

И најтврдокорните дамки лесно излегуваат со средствата за одржување на Quick-Step.

 

И она што е многу важно, посебно за луѓето со алергии, Quick-Step подовите имаат анти-статска површина. Што значи привлекуваат многу помалку прашина од останатите подови.

 

Odrzuvanje laminat

 

Брзи и лесни за инсталација

Во споредба со другите, ламинатните подови се многу полесни за инсталација.

Благодарение на уникатниот клик систем сите парчиња се спојуваат влегувајќи едно во друго. И затоа нема потреба од лепак или малтер за да се постави совршено рамен и стабилен под.

Се разбира нашите професионални соработници за монтажа ви стојат на располагање. Но, со помош на Quick Step алатчињата за монтажа скоро секој може да се потруди да си постави под во својот дом.

Уште полесно… ламинатниот под може да се извади и да се пренесе за да се постави во друга просторија.

А ако едно парче се оштети, во текот на долгогодишната употреба, може многу лесно да се замени само тоа парче.

 

 

Неверојатен реализам

Благодарение на новите технологии, ламинатниот под практично и не се разликува од паркет.

Дури и текстурите на вистинско дрво, како што се чворовите, пукнатините и неправилностите на дрвото се многу реално претставени.

Имате избор практично од секој тип на дрво, во речиси секоја можна нијанса и со различни димензии на парчињата.

Можете дури да одберете и ламинатен под кој ќе има изглед на природен камен или бетон.

Која е разликата во однос на керамиката?

Ламинатниот под е многу потопол на допир, полесен за одржување и за инсталација.

 

Имате дилема за подот кој би го поставиле? Нашиот продажен персонал ви стои на располагање за бесплатна консултација.

Ова се неколку од моделите кои се моментално на промоција:

 

IMPRESSIVE PATTERNS / Ројал природен даб / IPA4142

Original price was: 2.250 ден.Current price is: 1.910 ден.
IPA4142
 
 
Додај во кошница

Бел лакиран даб / IM3105

Original price was: 1.810 ден.Current price is: 1.539 ден.
IM3105
 
 
Додај во кошница

IMPRESSIVE PATTERNS / Шеврон таупе даб / IPA4164

Original price was: 2.250 ден.Current price is: 1.910 ден.
IPA4164
 
 
Додај во кошница

Dominicano сив даб / LPU1663

Original price was: 2.100 ден.Current price is: 1.785 ден.
LPU1663
 
 
Додај во кошница

Беж избелен даб / SIG4750

Original price was: 2.250 ден.Current price is: 1.910 ден.
SIG4750
 
   
Додај во кошница

Вирџинија кафен даб / CR3183

Original price was: 1.310 ден.Current price is: 1.110 ден.
CR3183
 
Додај во кошница

Мек светол даб / IM1854

Original price was: 1.810 ден.Current price is: 1.539 ден.
IM1854
 
 
Додај во кошница

Природен лакиран даб / LPU1284

Original price was: 2.100 ден.Current price is: 1.785 ден.
LPU1284
 
   
Додај во кошница

Estate беж даб / EL3574

Original price was: 1.500 ден.Current price is: 1.275 ден.
EL3574
 
 
Додај во кошница