4 совети за полесен избор на боја на вашиот под



Изборот на вистинска боја, или нијанса на подот, во некоја просторија или за подовите во целиот дом и не е баш така лесно.

Тој процес одзема време, кое некако на сите ни недостасува, си бара концентрација, а да си признаеме си бара и компромис и усогласување со семејството.

Дури, декоратерите на ентериер и архитектите поминуваат години во учење и усовршување за да можат во нивните проекти да направат вистински избор на комбинациите со боите.

И сега вие треба за ден или два да направите избор за нешто за што ќе треба да одвоите добра сума на пари, нешто што не се купува ни секој месец, па ни секоја година… И плус… треба секој ден да го гледате.

Вистинското прашање е… Дали ќе изберете под кој и нема баш да биде вистински избор, па со години ќе наоѓате оправдувања зошто баш таков избор… или ќе одберете под кој ќе му даде уникатен и фантастичен лик на вашиот дом, ќе почувствувате чувство на релаксација и опуштање штом ќе го направите првиот чекор по него… во вашиот дом?

Затоа би сакале да споделиме 4 совети со вас, за да ја олесниме малку таа слатка мака.

Совет бр. 1: Размислете за големината на просторијата


Без разлика дали е релативно мала или голема просторијата, бојата на подот во голема мерка ќе влијае на чувството за простор штом ќе влезете во неа.

Дали е голема и широка просторија?

Тогаш можеби би сакале да размислите за потопли и потемни тонови. Како ,,венге” или ,,лешник” нијанса за вашиот под. Овие нијанси имаат тенденција големите простории да ги претстават како помали, по секојдневни и пријатни.

Ова правило важи и обратно.

Се работи за потесна и малечка просторија?

Пробајте со посветли и поприродни нијанси, како ,,беж” или ,,светол даб” за вашиот под.

Овие бои на подот знаат навистина да ја отворат собата, и да создадат чувство на поголема просторија. А со тоа и да ве спасат од потребата да исфрлите половина од мебелот во неа.



Совет бр. 2: Ефектот на боите врз атмосферата во просторијата


Изборот на боите за подот но и за ѕидовите во просторијата има огромен ефект врз атмосферата во просторијата.

Светлите бои на просторот му даваат по-сончев и повесел изглед.

Нијансите на жолта боја даваат одраз на оптимизам и забава.

Бела и светло беж нијансите, на просторот му даваат чувство на отвореност и чистина.

Сакате просторот да биде помирен и кул? Одете со вонвременските сиви нијанси.

Просторија која доминира со кафени бои ќе оддава чувство на природност и рустика.

За луксуз и класа, задолжени се црните подови. А исто така и за чувство на драматичност и контраст.



Совет бр. 3: Светлината игра огромна улога


Светлината во просторијата се менува постојано во текот на денот.

Па, изгледот на подот, навечер, под вештачко светло, ќе даде сосема различен дојам отколку напладне под природна дневна светлина.

Затоа, примероците на подот, пред да одберете некој модел, треба да се видат во различни времиња од денот и под различен тип на светлина. И имајте во предвид на каква светлина претежно ќе биде изложен подот.

На пример… Дали се работи за кујна, во која влегувате и излегувате во текот на целиот ден, спална соба која претежно се користи навечер, или детска соба во која децата повеќе престојуваат попладне?

Секоја просторија си има своја уникатна светлина.

Примероците на сите модели од нашиот асортиман можат да се видат во нашиот продажен салон, изложени на различен тип на светлина.


Совет бр. 4: Имајте ја во предвид големата слика


Не избирајте одредена боја на под на база на празна соба.

Осигурајте се дека ќе го одразува стилот и чувството кое треба да го одразува целиот ентериер.

Можда имате некое парче мебел кое сакате да го нагласите?

Тогаш одберете поприродни бои, кои ќе креираат неутрална околина и ќе дозволат мебелот да дојде до израз.

Во глобала кафените бои се најдобар избор за ентериер кој е потрадиционален и рустичен, или можеби рурален.

Секогаш е добра идеја да земете некој примерок кој би го претставувал ентериерот во просторијата. Можда некоја перница, или парче од мебелот на просторијата кој треба да добие нов под.

А сакате ли да видите потполна слика?

Нашиот уникатен Roomviewer е одлична алатка со која буквално можете да го споредите изгледот на било кој под. Ако имате слика од вашата просторија, само прикачете ја и ќе можете од вашиот компјутер да добиете прилично вердостојна претстава на крајниот изглед.

RoomViewer