Blog

3 солидни причини зошто баш подвижен под


Зошто го викаат подвижен под?

Затоа што нема потреба од шајки, ковање и лепаци за да се прицврсти за подлогата.

И еве зошто ќе го сакате вашиот подвижен под…

Лесна инсталација

Спаѓате во групата на ,,направи сам” дечки? Тогаш подвижните подови – дрвени, ламинатни (кај Quick Step и тие се дрвени, со додаток на природен каучуков лепак) или винилни се вистинскиот избор за вас.

Многу лесно ќе ги монтирате. Благодарение на револуционерниот клик систем на Quick Step, само ги спојувате. И тоа е се. Нема потреба од лепак или ковање.


Спремно за употреба… Веднаш.

Кога е монтиран подот, нема потреба од чекање до утре. Или барем неколку часа па за да зачекорите по него.

Подот е спремен, веднаш.

Промена на локација? Нема никаков проблем

Треба да се преселите во нова куќа, односно во нов стан? А зошто да не си го земете и подот сосе се останато.

Подвижниот под се вика така затоа што е баш подвижен. Бидејќи е на клик систем, едноставно си ги земате штиците со вас, и повторно ги монтирате во новиот дом.

Ова значи дека дури и да се оштети една од нив, може многу лесно да биде замента со нова. А што е можеби и поважно, ќе ве чини многу малку.

Доколку сепак сакате монтажата да ја изведе професионална екипа, заедно со Quick Step подот можеме да закажеме и монтажа со некои од нашите професионални соработници.

За сите информации или консултации за избор на најдобар подвижен под за вашиот дом, или за понуда, пишете ни слободно подолу преку контакт формуларот.